
Соработка за практична настава-Учениците од Кочани ќе учат како да преживеат во природа. За таа цел, денес во Кочани беше потпишан меморандум, со цел да се воведе нова едукација за учениците во областа на преживување во природа и прва помош. Идејата е да се овозможи на младите практична настава надвор од училишната гужва, на место каде што ќе можат да учат важни животни вештини.
,,Денес вклучивме меморандум за соработка со организацијата ИПО и можеме да им погонеме во делот, со тоа што заеднички планираме да отвориме училница за едукација, да ги одржуваме обуките што ќе се одржуваат по други настани по училиштата, можеме да ги одржуваме тука. Да се избега малку од гужвата, а учениците ќе сменат малку и полесно ќе им биде за нив, но и за нас, бидејќи овде на лице место ќе правиме обука. Нашата цел е да можеме некаква едукација, по укинувањето на воениот рок да им покажеме нешто, како да се снајдат на планина, со примитивна опрема како да се извлечат ако дојде до некој повреден, ќе имаме и друга опрема.“, истакна Исаеф
Со оваа соработка, младите ќе добијат практична едукација која ќе им биде од голема помош во животот, но и за заедницата. Програмата ќе вклучува и обуки за безбедност на планина, како и обука за прва помош во случаи на повреди.
,,Во моментот потпишуваме со повеќе организации во Македонија, со амбасади, општини со МВР, со сите институции во Македонија. Ние сега во моментот зависи во кој сектор опфаќаме си работиме заеднички, во програми, во проекти со таа организација што ја потпишуваме.“, рече Бектеши
Целта на оваа иницијатива е да се обезбедат практични вештини за учениците, кои не само што ќе им бидат корисни во нивниот секојдневен живот, туку и ќе им помогнат да станат поодговорни членови на заедницата.
Иван Митев, М-Нет