
Во идеални услови, на пониски дневни температури, во опремени простории со постојан надзор од лекари, физијатри, физиотерапевти како и докрот по пластична хирургија се одвива процесот на рехабилитација на повредените од „Пулс“ на одморалиштето во Пониква. 45 пацинети се сместени на Пониква, додека 16 одат на преврски во кочанската општа болница.
„Мислам дека условите се задоволителни, работиме тековно доколку нешто се појави, се организираа и ПРП третмани“ – вели Паниќ – Мирчовска.
Без комарци, во длабока сенка, со постојани вежби во текот на денот, активности на отворено по зајдисонце повредените деца се рехабилитираат на Пониква. Како што велат лекарите, живеат како едно големо семејство, без срам од околината и покажуваат напредок во своето лекување.
„Со доаѓањето на Пониква имаме поголеми можности за рехабилитација, се користат и справите и полигоните навечер само. Имаме вежби, масирање, а навечер групни спортски активности.“ – вели Божиновски.
На Пониква има доволно реквизити кои се користат од страна на повредените со цел да можат да ги вратат своите функции во рацете, прстите и слично. Моментално првата група од 45 повредени деца ќе остане на Пониква две недели.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет