
Снежна идила во Малешево, Пијанец и потплачковичкиот регион, патиштата чисти, а екипите подготвени за целата зима. Според изјавата на новиот градоначалник на Општина Берово, Петар Ружински, нивната општина располага со доволни количини сол и песок и е целосно подготвена за зимата. Како што посочи за М-Нет телевизија сообраќајот се одвива непречено и безбедно.
,,Општина Берово е целосно подготвена за зимските услови и снегот, кој што утрово го разубави нашиот град. Навремено се обезбедени потребните количини на песок и сол и превземени се сите соодветни мерки за редоивно и ефикасно одржување на патната инфраструктура , се со цел непречно и безбедно одвивање на сообраќајот. Берово во овој период е во облачинска атмосфера, а општинта е целосно подготвена и за предстојните празници. Во моменот ЈПКР Услуга Берово е задолжена за чистење на снегот.“, рече Ружински
Oд новите врнежи снег и дожд, има и ситни одрони на патиштата во истокот. Раководителот на ЈП Македонија пат Влатко Цоневски, рече дека патиштата до моментот се чисти, но внрежите од дожд и снег создаваат дополнително одррони, па затоа препорача возачите да управуваат внимателно и одговорно со цел да не дојде до несакани последици
,,И во малешевијата, пијанец и во потплачковичките села имаме врнежи од снег. Имавме интервенции со возилата, снегот е исчистен, патиштата чисти посолени и приспособени за сообраќај. Застој и ограничување немаме никаде. Одроните се исчистени, меѓутоа поради обилните врнежи во текот на целата ноќ и се уште, има ситни кои се чистат редовно и не е на одмет да се почитува сообраќајната сигнализација, да не кажам дека е обавезно и поставените услови на патот.“, потенцираше Цоневски
Инаку, по обилните врнежи од дожд, а сега и од снег истовремено се покачува и водостојот на реката Брегалница. Според последните мерења за цели 15 сантиметри е зголемен водостојот на реката.
Иван Митев, М-Нет