Ново противпожарно возило доби ДПД Виница, донација од Ротари клуб Виница – Кочани

Ново противпожарно возило доби доброволното противпожарно друштво Виница, донација од Ротари клуб Виница – Кочани. Возилото е за гасење пожари и други интервенции, со нова пумпа за вода и капацитет за девет лица.

„Станува збор за противпожарно возило мерцедес кое е набавено од Германија со 23 илјади километри поминато со што го збогатуваме возниот парк на нашето доброволно противпожарно друштво во Виница. Ова возило е навистина потребно да се реагира секаде каде има потреба. “ – вели Тасев.

ДПД Виница со ова возило има три возила за своите потреби. Располага со пикап и комби за превоз на пожарникари. Од друштвото упатија голема благодарност ветувајќи и понатаму посветена работа и помош онаму каде е најпотребно.

„Овој камион не е само возило, туку преставува безбедност, сигурност и надеж за нашите пожарникари, но уште повеќе за нашите граѓани. Со него значително ќе се подобрат капацитетите и брзата ефективна интервенција при пожари и други елементарни непогоди“ – вели Јовановски.

Во меѓувреме од Ротари клуб Виница Кочани посочија дека и наредната година остануваат посветени на хуманитарната мисија и е предвидено да се донираат и нови возила кои ќе бидат од големо значење.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет