Католиците во светот го празнуваат Божик, голема прослава и во Штип

Католиците во светот денес го празнуваат најголемиот празник во годината рагањето на господ Исус Хрисотс или уште познат ден како Божик. Со утринска служба, молитва и поздравот Хрисот се роди, денес и верниците во католичката црква во Штип го одбележуваат празникот. Топло пораки за добро здравје, мир, радост и љубов посака отец Тони Ангелов до сите оние кои што Божик го чествуваат според Григоријанскиот календар.

,,Божик на сите ни порачува дека Бог е тука, тој не е далечен, тој влегува во човечката историја, во секој дом, во секое срце што му се отвора. Христос доага како миротворец, тој е носител на надежта и вистинската љубов и во овие празнични денови сакам да упатам една божикна честитка до сите верници, но и до сите луѓе добра волја. Нека раѓањето на нашиот Господ Исус Христос донесе мир во нашите срца, слога во семејствата, утеха за оние што страдаат и надеж за целото општество. Еве да го пречекаме Божик со вера, љубов и благодарност и сите кои Божик го слават според Григорианскиот календар им посакпувам многу здравје, мир, радост и љубов. Среќни и благословени Божикни и новогодишни празници. Христос се роди.“, рече Ангелов

Во овие празнични денови, Ангелов вели треба сите да бидат гласници на раѓањето на Господ Исус Христос. Вели дека со љубов на срцето и радост во душата треба секој еден да го сака другиот.

Инаку, денес домовоите на верниците се посебно украсени и во повекето има елки, под кои се поставуваат подароци ноќта кон самиот празник, со цел кога ќе разбудат најмалите да бидат изненадени и внесени во празничната магија.

Иван Митев, М-Нет