
Започна уредувањето на просторот пред станбените згради кај здравствениот дом „Панче Караѓозов“ во Штип. Истовремено ќе се работи и на нови паркинг места кои ќе бидат достапни за граѓаните. Станува збор за инвестиција вредна околу четири илјади денари средства обезбедени од Буџетот на Општина Штип. Со павер елементи ќе се уредат околу 300 метри квадратни, со што ќе се подобри изгледот на овој дел од градот како и условите за граѓаните. Активностите на терен се по барање на жителите, како и уредувањето на паркинг просторот со што ќе се обезбедат дополнително паркинг места во централното градско подрачје. Во меѓувреме освен на оваа локација се работи на неколку локации во неколку населени места во Штип, пред се во делот на патната и подземната инфраструктура, а со цел подобрување на изгледот и модернизирање на градот.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет