
Утре гласаат болните и немоќни лица, како и затворениците. Доверливиот материјал е пристигнат во ОИК Штип, од каде посочуваат дека 158 лица се пријавиле да гласаат во домашни услови. Дополнително ќе гласаат и затворениците во КПУ Затвор Штип.
„Утре започнуваме со поделба на избирачкиот материјал, поделбата започнува со делење во 9:30 часот, утре гласаат лицата кои се пријавени за гласање во домашни услови, односно тоа се болни и немоќни лица. Вкупно на територија на Општина Штип ќе гласаат 158 лица. Утре се гласа и во КПУ Затвор Штип, таму бројката е малку пообемна бидејќи станува збор за лица кои гласаат од цела држава. Материјалот простигна во текот на вчерашниот ден.“ – вели Вацев.
Од ОИК Штип децидни дека се е подготвено за спроведување на утрешното гласање во домашни услови. Посетата на домашна адреса започнува од приградските штипски населби.
„Подготвени се, сите претседатели на избирачки одбори се известени за часот на подигањето на избирачкиот материјал. Согласно избирачкиот законик, избирачкиот одбор кој има лица кои гласаат во домашни услови во текот на утрешниот ден ќе ги посетат“ – додаде Вацев.
Во регионот во Берово утре ќе гласаат 187 стари и изнемоштени лица кои ги исполнуваат услвите. Дополнително ќе гласаат и лицата сместени во старечкиот дом во Берово. На домашна адреса во Кочани ќе гласаат 171 лице, а 159 во Делчево.
Лаура Стојанова М-Нет