Селекторот Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите со Белгија и Казахстан

ФОТО: М Нет телевизија

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, го соопшти списокот на фудбалери за претстојните натпревари од квалификациите за Светското првенство. Македонија ќе ги одмери силите со Белгија на 6 јуни во Скопје, а три дена подоцна, на 9 јуни, ќе гостува кај Казахстан во Астана.

На списокот се најде и едно ново име — Стефан Деспотовски од ОФК Београд, кој за првпат добива повик во сениорскиот национален тим.

Селекторот Милевски нема да може да смета на неколку стандардни репрезентативци поради повреда. Натпреварите против Белгија и Казахстан ќе ги пропуштат дефанзивците Дарко Велковски и Никола Серафимов, како и играчот од средниот ред, Лирим Ќамили.

Повикани голмани се Столе Димитриевски, Дејан Илиев, Дамјан Шишковски и Игор Алексовски. Во одбраната се Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димоски, Стефан Ашковски, Андреј Стојчевски, Висар Муслиу, Бојан Илиевски, Ѓоко Зајков и Стефан Деспотовски.

Во средниот ред се капитенот Енис Барди, Јани Атанасов, Елиф Елмас, Исник Алими, Лука Станковски, Тихомир Костадинов и Агон Елези. Во нападот на македонската репрезентација ќе бидат Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Кристијан Трапановски, Давид Тошевски и Димитар Митровски.

Македонија ќе се обиде да освои важни бодови во овие два дуели и да ги задржи шансите за пласман на Светското првенство.

Александар Ванев, М-Нет