,,Само нека помине“ е новата балада на младата штипјанка Елена Наумова, достапна на социјалните мрежи

Само нека помине е новата балада на младата штипјанка Елена Наумова, која премиерно ја изведе на овогодинештното јубилејното 40. издание на „Макфест“. Ова е нејзината четврта по ред песна во досегашната нејзина кариера. Двомесечната подготовка, како што вели самата, вродила песна зад која стои силен авторски тим: текст и музика од Ристо Самарџиев, а аранжман од Давор Јордановски. Наумова додава дека е вистинска чест повторно да чекори на фестивалот со кој растела, а новата балада веќе ги освојува слушателите

,,Таа е четврта песна по ред како што ја имам извадено. Мислам дека беше потребно околу 2 месеци за да се целосно подготвам за песната, но и за Макфест. Навистина ми веше чест и задоволство растејки со Макфест, по трети пат да имам можност да настапувам на Макфест на 40 издание. Самата песна е напишана од Ристо Самарџиев , тој е текстописецот , а и музиката исто, додека аражманот е на Давор Јордановски.“рече Наумова

Наумова потенцираше дека во самиот текст се вметнати стихови од познатиот поет Ацо Шопов, па тополо ги покани штипјани да ја погледна песната на социјалните мрежи.

,,Песната е балада, си носи своја тежина. Во самата песна има и стихови на Ацо Шопов, токму во тој дел каде што се вели тишината самата ќе рече. Ги поканувам штипјан ии сите гледачи да ја погледнат мојата нова песна на мојот јутуб канал.“, додава Наумова

Елена Наумова има редовни настапи низ земјата, а оваа година ќе настапува и во Италија за Нова година. На сцената ќе излезе со својот бенд, претставувајќи го својот репертоар пред меѓународната публика.

Иван Митев, М-Нет