
Ѓумбир дури од Кина за 300 денари се продава на тезгата на Раде Ангеловски од штипско Лакавица. Вели лаже тој што тврди дека во Македонија ѓумбир произведува, бидејќи тој пробал и знае. Потребно е тропска клима за да ова растение успее да преживее, рече Ангеловски, кои пред десетина години засадил во Лакавица, под фолија и плус огрев, ама бадијала, издваил само 30 килограми.
,,Преку летниот период не е толку акттрактивен, а зимотот е доста баран. При користење тој загрева, помага за асма, бронхит, жолчка, бубрег, реума, лековито. Става се со мед, во манџа, а некој и во чај. Во Македонија не постои шанса за производство на гумбир. Овој е од Кина, кај нас нема да успее, затоа е увозен.“, рече Раде
Повозрасните граѓани тврдат ѓумбирот е полезен, здрав и корисен. Го козумираат со мед, во чај или во јадења. Децидни здравјето мора да се чува.
Инаку, Ѓумбирот потекнува од тропските низински шуми во подрачјето од Индискиот Потконтинент до Јужна Азија, каде и денес највеќе се произведува. Во овие краишта и денес се среќаваат диви сродници на ѓумбирот, а истото важи и за други тропски и Суптропски делови од светот како Хаваите, Јапонија, Австралија и Малезија.
Иван Митев, М-Нет