Радовиш на голот се засили со Даниел Ацев, повратникот Еурофарм Пелистер 2 потпиша четиригодишен договор со голем талент!

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Ракометните суперлигаши во машка конкуренција продолжуваат со екипирање за новата сезона која треба да започне на 7 септември.

Радовиш откако остана без услугите на голманот Кристијан Костадиновски, кој ќе го чува голот на прволигашот Младост од Богданци, ангажирање нов голман. Се работи за Даниел Ацев, кој доаѓа од редовите на гршкиот второлигигаш Ламиа.

Ацев во Радовиш ќе носи меѓународно искуство и ќе треба да биде одлично засилување кое треба да донесе сигурност и стабилност меѓу стативите.

Новиот голман на радовишани на домашната сцена беше дел од Охрид, Бутел, Скопје, Вардар Неготино, Голден Арт, Шампион и Борец.

Повратникот во македонската ракометна елита, екипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола има нов десен бек, се работи за еден од најголемиот ракометни таленти на неговата позиција, 15-годишниот Илија Илиевски.

Младиот ракометен талент стави потпис на четири годишен договор, па така тој во битолскиот суперлигаш ќе остане најмалку до јуни 2029 година. Се работи за ракометар висок 202 сантиметри, со огромен простор за напредок. Во Еурофарм Пелистер 2 тој доаѓа од неговиот матичен клуб Вардар Неготино.

Тренерот на Еурофарм Пелистер 2, Александар Зарков добива големо засилување, а кое се става на располагање на почетокот од подготовките за новата сезона 2025/2026 во ракометната Суперлига.

Александар Ванев, М-Нет