
По одиграни шест кола во плеј-офот во Првата ракометна лига екипата на Бисинов е максимална на врвот од табелата со 21 бод на своето конто и сигурно оди кон историско учество во Суперлигата.
Битката ќе биде за второто место кое води во баражот за можен влез во Суперлигата. Младост од Богданци е втор со 15 бодови на своето конто, а пак Радовиш е трет со 14 бодови на своето конто. Во трката за второто место влегува и Металург кој е четврти со 13 бодови.
На 5. место е Драчево со 11 бодови на своето конто, а пак Јехона е шест со седум бодови. На седмото место е Македонија ЃП со три бодови, а на дното е Шампион без бодови.
Второпласираната екипа во прволигашкиот плеј-оф, ќе игра бараж меч со третопласираната екипа од суперлигашкиот плеј-аут.
Што се однесува во плеј-аутот во Првата лига, тука се игра само за престиж. Лидер е Овче Поле со 16 бодови, а пак штипски Текстилец е вто рсо 11 бодови на своето конто. На третото место е Преспа Вардар со 10 бодови, колку што имаат Кичево и Астраион од Струмица кој е петти. На шестото место е Партизан со осум бодови. Велешки Борец е на дното без освоени бодови.
Александар Ванев, М-Нет