Пехарите на Брегалница во нови витрини, се подобрува внатрешниот лик на штипскиот прволигаш!

Поставени столчињата на новата трибина на Градскиот стадион во Штип, а фудбалскиот клуб Брегалница ја подобру внатрешната инфраструктура.

Телевизија М Нет ексклузивно дознава што ново ќе има во внатрешните простории на Брегалница. Во фаза на подготовка е просторијата која ќе биде значително подобрена, а каде ќе се одржуваат прес-конференциите на клубот. Тука ќе има и простор каде ќе бидат изложени сите медали и пехари на клубот кои што се освојувани во неговата историјата.

Дополнително се подобруваат и условите за младинските категории откако ќе биде уредена новата канцеларија од отворен карактер, а која ќе служни за работа на координаторите, тренери и сите оние кои работат со младинските категории во Брегалница.

Теретаната од овој дел ќе биде преместена на друга локација, односно на горниот кат. Самиот објект на Градскиот стадион располага и со апартмани каде се сместуваат фудбалери.

Дефинитивно Брегалница прави чекор напред во самата организација и подобрување во својата работа.

Телевизија М Нет дознава дека на 16. април на Градскиот стадион во Штип ќе се одигра и полуфиналето од Купот на Македонија за кадети меѓу Брегалница и Вардар, со што штипскиот клуб уште еднаш ќе се покаже како одличен домаќин и организатор.

Александар Ванев, М-Нет