
По 23 одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига најдобар стрелец со 12 постигнати погодоци е Изаир Емини од лидерот Беса, но искусниот Емини првото место го дели со Фитон Адеми, но тој од Беса направи трансфер во Шкендија, па ќе остане на овие 12 погодиц.
На делба на третото место се двајцата фудбалери на Пелистер, Бојан Спиркоски и Сименон Христов кои имаат по 10 постигнати погодоци.
На делба на петтото место со по девет постигнати погодоци се Сашо Дуков од Каменица Саса и Марио Станковски од Тетекс.
Потоа на листата на стрелци со по седум погодоци следуваат Арѓент Гафури од Арсими, Благој Љамчевски од Пелистер, Ќире Митков од Кожуф, Михаил Талевски од Пелистер, Ајрадин Цуцули од Арсими.
По шест погодоци имаа Шпенд Асани од Арсими и Филип Димоски од Охрид.
Александар Ванев, М-Нет