
Македонските прволигаши со полн интензитен на подготовки за новата сезона. Работнички ги „запали моторите“ и започна со летните подготовки за следната натпреварувачка сезона од Првата македонска фудбалска лига.
Шефот на стручниот штаб Горан Станиќ ја имаше првата прозивка со играчите и со тоа беше означен стартот на подготовки. На првиот тренинг на „романтичарите“ присутни помошниците на Станиќ и спортскиот директор Сенад Муминовиќ.
Во Работнички ќе има промени кога е во прашање следната сезона, дел од играчите си заминаа, а како што дознаваме раководството веќе работни на соодветни засилувања со кои тимот ќе биде конкурентен во фудбалската елита на Македонија.
Минатата сезона Работнички не одигра според оечкуваното особено во пролетниот дел кога играше доста променливо и имаше тренерско промени. „Романтичарите“ сезоната ја завршија на осмото место на табелата со 42 бодови, колку што имаше Воска Спорт која заврши на деветтото место или пет бодови повеќе од бараж зоната каде заврши Вардар.
Александар Ванев, М-Нет