
Третолигашот Академија Илинден и општина Илинден добиваат нов стадион со вештачка трева, соблекувални и трибина по стандарди на УЕФА и ФИФА.
Градежните активности се започнати и ќе се работи во најбрз можен рок стадионот да биде пуштен во функција, а присутен беше и градоначалникот на општината Александар Георгиевски со делегација од општината.
Фудбалската федерација на Македонија преку „хет-трик“ програмата на УЕФА го финансира делот на соблекувалните и фудбалскиот терен, додека пак општината ќе ја гради трибината и осветлувањето.
Академија Илинден се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига – Север, наскоро ќе се соопшти планот на подготовките за новата сезона, а како што дознава телевизија М Нет ќе се ангажираат по три искусни фудбалери, а клубот влегува амбициозно, а целта ќе биде клубот да биде расадник и на млади фудбалери кои ќе добиваат и минутажа и да се надоградуваат. Како што дознава телевизија М Нет клубот веќе има контактирано тројца тренери кој ќе го превземат кормилото на овој третолигаши, а во следниот период ќе биде познат новиот тренер и новите засилувања.
Проектот на Академија Илинден се темили на долгорочна основа, од изградба на новиот стадион, заложба за „производ“ на млади производи, а потоа клубот ќе се стреми кон влез во Втората, а потоа и Првата македонска фудбалска лига.
Александар Ванев, М-Нет