Металург Автокоманда се засили со Сандра Трпеска, се формира тимот за новата сезона и Европскиот Куп!

Женските ракометни клубови се активни кога е во прашање формирањето на ростерите за новата сезона од Суперлигата.

Ново име во редовите на Металург Автокоманда е Сандра Трпеска. Екипата од Автокоманда сезоната ја заврши на 3. место и со тоа обезбеди излез во Европа односно ќе игра во Европскиот Куп, па за таа цел работи на соодветни засилувања.

Левниот бек доаѓа од шампионот Ѓорче Петров, а клубот како што веќе објавивме претходно се засили со Стефани Ристиќ, Ивана Димоска, Анастасија Величковска и сестрите Бојана и Борјана Коцеви.

Клубот ја продолжи соработката со левиот бек Таида Беровиќ, левото крило Сара Миновска, средниот бек Исидора Котевска и десното крило Марија Гугуљанова, кои и во новата сезона ќе го носат дресот на Металург Автокоманда.

Во однос на минатата сезона Металург Автокоманда заврши на третото место со 67 бодови на своето конто и имаше скор од 22 победи едно реми и три порази.

Александар Ванев, М-Нет