
Завршија проценките на штетите во Лозово, откако во три наврати силниот ветер, град и дожд оштетија куќи, магацински простори на фирми, како и земјоделски култури. Градоначалникот на Лозово Бошко Цветковски вели дека општинските комисии ја завршија работата на терен, сега се работи на елаборатите.
„Направивме две комисии, односно една комисија од два тима, а требаше и од Министерството за земјодели, министерот ни вети дека преку биро за судски вештачења ќе ни обезбеди неколку лица кои ќе утврдат реална штета, но тие лица не присуствуваа. Моравме да ги пуштиме комисиите да излезат на терен, да утврдат штета, моментално се работи на целата документација“ – кажа Цветковски.
Во текот на јули елаборатите ќе бидат доставени до државната комисија за проценка на штети. Во моментов се собираат податоците на колку хектари лозови насади, раноградинарски и житни култури има штета.
Мал е бројот и на земјоделци кои го имаат осигурано својот имот.
Во меѓувреме, До општинските комисии пристигнале 270 барања, оваа мала рурална општина пред три години беше зафатена од силно невреме, но земјоделците се уште ги немаат добиено парите од државата.
Лаура Стојанова М-Нет