
Од утре КЈП Водовод Кочани треба да добие нов директор, откако досегашниот си поднесе оставка од директорската фотелја. Но, кој ќе седне на местото на Иван Иванов, сѐ уште е неизвесно. Првиот човек на Општина Кочани, Љупчо Папазов истакна дека има неколку алтернативи, но кој ќе го замени Иванов ќе се знае утре. Не даде конкретен одговор и на прашањето дали новиот директор ќе биде внатрешно решение од претпријатието или не.
„Сѐ уште не од први јули ќе влезе на работа новиот директор, ќе биде назначен и ќе бидете информирани. Има повеќе варијанти, дозволете само еден ден и ќе ги имате навремено информациите“ – кажа Папзов.
Во КЈП Водовод ново кадровско решение се бара и за одделот Водовод и канализација откако пред неколку дена беше разрешен Аки Акиов, од страна на уште актуелиниот директор Иванов. Тогаш тој истакна дека разрешувањето е бидејќи сметаат дека некој друг подобро ќе ги извршува работните задачи.
Лаура Стојанова М-Нет