
Според неофицијални информации на М-Нет телевизија, денес е пронајдено е безживотно тело на жена на возраст од околу 50 години кај Балталискиот мост, на регионалниот пат Штип–Лакавица.
Според информациите до кои дојде М-Нет, на терен се полициски екипи и јавен обвинител, кои вршат увид.
Според првичните информации, засега нема индикации за видливи траги на насилство. Причините и околностите за смртта ќе бидат утврдени по завршувањето на увидот.
Повеќе информации за случајот се очекуваат во текот на денот.
Иван Митев, М-Нет