34 години посветеност и служба на Татковината – одбележување на Денот на Армијата во Штип

По повод 18 август – Денот на Армијата, на 17.08.2026 (понеделник), со почеток од 10:00 часот, вториот пешадиски баталјон и единици во касарната ,,Јане Сандански“ – Штип, ќе го одбележат својот 34 роденден, повеќе од 3 децении посветеност, пожртвуваност, знаење, стремеж, храброст и одлуки во служба на Татковината.

На настанот ќе бидат присутни претставници од повисоката команда во Армијата, Градоначалници од зоната на одговорност на вториот пешадиски баталјон, директори и раководители на јавни претпријатија и установи во Штип, како и претставници на верски заедници.

Ева Тушевска, М-Нет