Прилеп ја доби драмата со Куманово, Алкалоид се намачи во Кавадарци, Вардар со убедлива победа!

ФОТО: Александар Ванев

Второто коло на ракометната Суперлига ги донесе очекуваните победи на фаворитите. Алкалоид се намачи но го доби Тиквеш во Кавадарци со што тимот на Кирил Лазаров се израдува на првиот сезонски триумф со резултат од 22:24 со прво одлично и второ лошо полувреме.

Вардар беше убедлив над повратникот Еурофарм Пелистер 2 откако славеше со 19:34, а победникот беше решен уште во првиот дел од натпреварот.

Прилеп ја доби драмата со Куманово со минимални 33:32 благодарение на подоброто издание во првото полуврмее кога прилепчани имаа два гола предност.

Охрид со убедливи 40:16 ја декласираше Струга, па наместо Езерско дерби, видовме тренинг натпревар на охриѓани.

Шампионот Еурофарм Пелистер со превисоки 36:24 го декласираше тимот на Пролеп.

Колото се комплетира во среда со натпреварот меѓу Радовиш и Бутел.

Александар Ванев, М-Нет