Овче Поле го доби Карбинци, Еуромилк и Пчиња убедливи, Превалец пресилен на стартот од новата сезона во ТМФЛ

Вчера беа одиграни натпреварите од 2. коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток.

Овче Поле со пресврт славеше домашна победа над Карбинци со 2:1 со што тимот од Свети Николе ја продолжува одлично во новата сезона и има два од два на стартот од новата сезона.

Брегалница во Делчево со убедливи 4:1 славеше над Светлост од Зрновци, додека пак Малеш немаше сили и на домашен терен загуби од Дојранско Езеро со 1:2.

Тиверија се соочи со нов пораз овој пат на домашен терен од Рудар, откако гостинот од Пробиштип беше минимално подобар со 0:1.

Дербито на колото се играше во Валандово каде екипата на Победа со убедливи 3:0 го доби Ударник во дерби кое го наполни Градскиот стадион во Валандово со публика, а зачинето со двете навивачки групи.

Во рамки на второто коло слободна беше екипата на Хоризонт Турново.

Започна новата сезона во Трета лига – Север со натпреварите од првото коло, а во рамки на воведната рунда екипата на Еуромилк ГЛ со убедливи 0:4 славеше над Студеничани, со што некогашниот прволигаш најавува борба за влез во Втора лига.

Куманово исто така со 4:0 ја доби Беса од Сарај, а пак Башкими Љуботен со 5:1 го декласираше новиот третолигаш Лопате.

Тимот на Аеродром славеше гостинска победа над дебитантот Отља со 1:2, а пак Кадино беше минимално подобар од Ржаничино.

Дербито на колото меѓу Фортуна и БВК Коњаре заврши без победник со по еден гол (1:1), а пак Пчиња со убедливи 5:0 го декласираше тимот на Беса Слупчане.

Стартуваше новата сезона и во Трета лига – Југ со натпреварите од првото коло, а кое коло донесе погодоци на сите натпревари.

Превалец беше најубедлив откако со 6:0 го декласираше тимот на Млекар, Влазними Јуниор со 2:0 славеше триумф над новакот Тополка, Росоман со 1:0 го доби ланскиот второлигаш Борец, а исто така со минимални 1:0 и Бучин го доби Венец.

Младост од Кривогаштани на домашен терен загуби од Ултрас со 0:4, а пак Питу Гули го декласираше Дреново со 5:0.

Башкими од Јаболчиште во првото коло одмарше откако екипата на Слога од Лажани се откажа од натпреварување пред стартот на сезоната.

Новата сезона започна и во Трета лига – Југозапад, а во рамки на првото коло Славеј со 1:2 го доби Кравари, Влазними со 2:5 беше убедлив против Демир Хисар, Могила со убедливи 0:5 го декласираше тимот на Велешта.

Тимот на Света Тројца со 3:2 го доби тимот на Напредок од Ношпал, Караорман прослави домашна победа од 4:2 над Кораб од Дебар.

Стартуваше и новата сезона во Трета лига – Запад, а само на еден меч немаше погодоци, нула одиграа дебитантот Скендербеу и некогашниот прволигаш Ренова.

Доброшти со 4:0 славеше над Љуботен, висока победа имаше и тимот на Камјани на гостувањето кај Дрита, Влазерими со 2:1 го доби Џепчишти.

Речица исто така имаше сигурна победа со 3:1 го доби тимот на Зајази, а пак кичевски Напредок со 3:1 однесе висока победа над Вардар од Брвеница.

Александар Ванев, М-Нет