Ракометарките на штипски Астибо загубија од Куманово, Ѓорче Петров, Чаир и Металург убедливи

ФОТО: АРХИВА

Овој викенд се одиграа натпреварите од 2. коло на ракометната Суперлига во женска конкуренција, а во рамки на втората рунда ракометарките на Астибо од Штип гостуваа кај тимот на Куманово кој беше фаворит и ја оправда фаворитската улога со триумф над гостинот од Штип со резултат од 25:19.

Спартак немаше сили за Металург Автокоманда и претрпе тежок пораз со резултат од 23:45, а висока победа однесе Ѓорче Петров откако шампионот го декласираше Пелистер со 14:37.

Голем триумф имаше и тимот на Чаир над Вардар со резултат од 26:18.

Во однос на табелата екипите на Металург Автокоманда, Ѓорче Петров и Чаир имаат по четири бодови на своите конта. Куманово има два бодови, Астибо и Спартак имаат по еден бод на стартот од новата сезона, а пак Вардар и Пелистер немаат бодови.

Александар Ванев, М-Нет