
Клиничка болница Штип со радост го објавува дека првото бебе родено во новата 2026 година е женско. Бебето дојде на свет во 00:01 часот, со што ја започна годинава во најубавиот и најсреќниот момент.
„Нека ни е бериќетна новата 2026 година. Во 00:01 го добивме првото женско бебе. Среќна нова година!“ – се вели во официјалното соопштение од Клиничка болница Штип.
Со ова, се започнува новата година со позитивна енергија и надеж за среќни денови и здравје за сите граѓани на Штип.