Во новогодишната ноќ приведен 69-годишник во Кочани, возел во спротивна насока на кружен тек

На 01.01.2026 во 01:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Ѓ.(69) од Кочани затоа што управувал патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки на кружен тек во спротивен правец и продолжил да се движи во спротивната насока по ул. „Димитар Влахов“ во Кочани.

По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.