
Второлигашите од Истокот во 2026 година влегуваат со една цел да се обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига и за следната сезона 2026/2027.
Некои од нив сакаат директен опстанок, некои бараж со надеж дека преку истиот до опстанок во второлигашкото друштво.
Слога Виница одигра најлоша есенска полусезона од сите второлигаши на Истокот, заврши на претпоследното место со седум бодови, две победи, едно реми и 12 порази, па тимот од Виница е пред големо искушени со реални шанси само за бараж.
Тимот ќе има турболентен зимски преоден рок со цел да најде соодветни зимски засилувања, а притоа и да се најде тренер.
Каменица Саса заврши на десеттото место односно во бараж зоната, а тимот од малото рударско гратче цели кон директен опстанок, ќе биде тешко, но „рударите“ се на седум бодови од зоната за директен опстанок.
Осогово заврши на осмото место со 24 бодови и тимот од Кочани во пролетниот дел има една желба – да се задрши во топ осум односно во зоната за директен опстанок и на тој начин „жетварите“ да имаат директен опстанок во Втората лига.
За разлика од нив Брегалница ќе се бори за влез во Прва лига, а пак Детонит Плачковица од Радовиш за што повисок пласман.
Пролетниот дел во Втората лига започнува со натпреварите од 16. коло.
Александар Ванев, М-Нет