Првите пообилни врнежи од дожд во Штип, нови проблеми за граѓаните, ќе има ли решение?

Првите пообилни врнежи од дожд во Општина Штип ги донесоа и првите проблеми за граѓаните. Имено, во текот на вчерашниот ден реакциии на социјалните мрежи, но и до нашата редакција пристигнаа од граѓани кои живеат или минуваат по пристапната улица која ги поврзува булеварот Партизанска и ЈНА. Соберена атмосферска вода можеше да се забележи на оваа улица, но и на многу други места во градот под Исарот. Првиот човек на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека овие реакции од граѓаните се очекувани и реални, но истовремено повика на трпени бидејќи улиците се уште не се пуштени во употреба односно има уште работа на нив.

„На улицата во Осми ноември која ги поврзува булеварот Партизанска со Булеварот ЈНА, се уште не е во завршна фаза, односно последната фаза предвидува поставување на бекатон, уредување на тротоарот, но исто така и овозможување на атмосферски канал којшто ќе ја апсорбира атмосферската вода. Така да реакциите кој што стигнуваат до нас, во однос на атмосферската вода која што се собира на овие улици. Сакам да ги замолам нашите сограѓани за трпение, оправдани се овие реакции, но овие улици се уште не се пуштени во техничка употреба, односно не се во завршна фаза целосна, за да можеме да ги решиме овие проблеми со кој што тие во овој момент се соочуваат“ – кажа Јорданов.

Проблемот ќе биде надминат дециден беше Јорданов додавајќи дека ситуацијата која тие ја затекнале со доагањето на власт била хаотична. Во претстојниот период ќе се работи на целосно завршување на улиците „Панче Караѓозов“ и „Личка“, а решен ќе биде проблемо и на пристапната улица во населба „Осми ноември“. Инаку оваа улица беше асфалтирана на 12 месецов, додека за недостатоците со атмосферската вода дополнително треба да се работи.

Лаура Стојанова М-Нет