Натпреварите од Првата и Втората лига ќе се одиграат во недела поради прогласената тридневна жалост

Од куќата на фудбалот пристигна информација за промена на натпреварите поради прогласената тридневна жалост во Македонија. Имено второлигашите од групите Исток и Запад наместо во сабота натпреварите од редовното трето коло ќе ги одиграат во недела 12 септември со почеток во 16.00 часот. Натпреварите од редовното 6 коло во рамките од Првата фудбалска лига на Македонија ќе се одиграат во редовниот термин во недела 12 септември со почеток во 16.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk