
Наредната недела вторник и среда наутро во Штип ќе се спроведе авионско прскање против возрасни комарци и дератизација против глодари. Имено во вторник на 14 септември во раните утрински часови ќе се спроведе првото авионско прскање против возрасни комарци на територијата на Штип, откако во претходниот период неколку пати се вршеше прскање од земја.
„Со третирање ќе биде опфатено централното и приградско подрачје, како и течението на река Брегалница, река Отиња и зелените површини во урбаните населби на територијата на Општина Штип со површина до 850 хектари“ – додадоа од општината.
Во вторник пак на 15 септември ќе се изврши дератизација против глодари со цел заштита на населението од заразни болести предизивикани од стаорци.
„Општина Штип на 15.09.2021 година ( вторник) ќе спроведе превентивна дератизаиција на канализационите шахти на територија на општината, преку овластена фирма со цел уништување на глодарите. Дератизацијата ќе се врши во периодот од 18 до 23:30 часот, а ќе бидат опфатени 160 канализациони шахти“ – додадоа од општината.
Во случај на неповолни временски услови прскањето и дератизацијата се одложува за наредниот поволен ден. Се апелира до пчеларите да си ги заштита пчелните семејства, а граѓаните внимателно да учествуваат во сообраќајот.
Лаура Стоајнова М-Нет