
Вчера пред полноќ во дворно место на Б.А.(25) на ул.„Генерал Апостолски Гочо“ во Кочани, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.А. и М.Г.(21) и А.Г.(20), двајцата од с.Пантелеј, од причина што Б.А. со употреба на сила попречувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, интервенција по пријава за пуштена гласна музика. За време на инцидентот, М.Г. и А.Г. со секири упатувале закани по животот на полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Викендов во Кочани се случи уште еден инцидент во кој жртва беше полициски службеник. При преземање на службено дејствие – контрола на лица и возила затекнати во време на полициски час на ул„Маршал Тито“ во Кочани, полицајка била физички нападната од А.М. од Кочани, кој побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.