Интензивно се гради затворениот базен во Штип

Градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски заедно со директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски извршија увид во градежните активности за изградба на затворениот пливачки базен и Кошаркарското 3х3 игралиште во Општина Штип.Изградбата на затворениот пливачки базен во моментов е во напредна фаза, градежните работи се одвиваат интензивно и ќе биде подготвен за употреба пред предвидениот рок.Баскет игралиштeто ќе бидe комплетно опременo и ќе ги задоволува FIBA стандардите, со светилки со штедлив избор на светлина како и мал спортски семафор.Спортско рекреативниот центар “Суитлак” се реализира и ги добива своите содржини.