
Ракометната федерација на Македонија ги извлече паровите за разигрување на плеј офот и плеј аутот во Суперлигата.
Како што е познато во плеј офот е Еурофарм Пелистер кој пренесува три бодови, Вардар и Алкалоид кои пренесуваат по два бодови, Охрид и Тиквеш кои пренесуваат по еден бод и Бутел кој не пресува бодови.
Првото коло од плеј-офот Бутел го отвара дома против Охрид, веднаш дерби на Вардар и Алкалоид, шампионот Еурофарм Пелистер тргнува од Кавадарци каде ќе игра со Тиквеш.
„Вечното дерби“ меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра во 5. коло во Битола и во 10. коло во Скопје. Дерби натпреварите меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид ќе се играаат во 3. коло во Битола и во 8. коло во Автокоманда.
Во рамки на плеј аутот Пролет пренесува три бодови, по два бодови Прилеп и Куманово, по еден бод Борец Ф.Л. и Струга, а бодови не пренесува Радовиш.
Во првото коло на плеј аутот Прилеп дома ќе игра со Борец Ф.Л. екипата на Пролет на домашен терен против Струга, а пак Куманово го пречекува Радовиш.
Последната екипа во плеј аутот директно испаѓање во Првата лига, а пак претпоследната екипа игра бараж за опстанок со втората екипа од прволигашкиот плеј оф на неутрален терен.
Александар Ванев, М-Нет