
Повторно високи температури до 39 степени, особено во среда и четврток. Како што истакнува дежурниот синоптичар Ленче Ризова, иако се очекуваат високите температури, оваа седмица сепак ќе биде попроменлива, бидејќи ќе има и можност за развој на нестабилна облачност, локален дожд и грмежи.
,,Вчера и денеска имаме нешто повисоки дневни температури, кои што очекуваме да достигнат од 32 до 39 степени, што значи повисоки дневни температури. Утре во попладневните часови, ќе имаме развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи и секако температури и малку ќе опаднат. Во интервал од 29 до 37 степени. Особенео високи температури ќе имаме во среда и четврток, кога ќе имаме и стабилно време сончево со мала до умерена облачност, а во петок повторнио во попладневните часови ќе имаме зголемена облачност, ќе дува засилен ветер, кој ќе предизвика опагање на дневните температури за неколку степени.“, рече Ризова
Ризова потенцира дека иако се очекува врнежи од дожд, сепак тие ќе бидат од локален карактер, што значи дека ќе бидат краткотрајни, проследени со грмежи и ветер.
Инаку квалитетот на воздухот денес изнесува 36 ниво просчено, што значи дека е генерално прифатлив за повеќето лица. Меѓутоа, чувствителните групи може да имаат мали или умерени симптоми како последица на долгорочната изложеност.
Иван Митев, М-Нет