Повредени три лица во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Три лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа, која се случи на регионалниот пат село Караорман-Штип. Од СВР-Штип информираат дека на терен се полициски службеници и во тек е увидот на местото на несреќата. Инаку, биле повикани и пожарникарите, за да интервенираат во извлекувањето на повредените од возилото. Регионалниот пат село Караорман-Штип е затворен за сообраќај од 19.35 часот.

Повредените се хоспитализирани во штипска Клиничка болница, каде што во тек се прегледи од страна на лекарите. Од СВР-Штип најавија повеќе детали во текот на утрешниот ден. Инаку овој дел на регионалниот пат меѓу општините Штип и Карбинци е познат како црна сообраќајна точка, каде што често се случуваат несреќи.