
Од септември пензионерите ќе добијат линеарно покачување на пензиите, она што го бараа, владата го одобри. Пензиите ќе се зголемат за 2.000 денари, од кои 1000 денари ќе бидат дадени во септември, а 1000 денари во март следна година. Пензионерите денеска пред камерите на медиумите ја истакнаа благодарноста до владата.
,,Благодарност до изјавата, која што ја даде вчера господинот премиер, дека по осно на нашето барање, односно законското барање, кое што е предлог и дадено во собранието, дека владата во септември месец ќе настое да линеарно ги зголеме пензиите за 2000 денари, со тоа што првите 1000 ќе ги даде во септември, а вторите во март 2026 година. Ние сме благодарни како пензионери, пред се затоа што ни излегоа во пресрет со предлог законот за линеарно покачување.“, велат пензионерите
И останатие пензионери за заблагодарија за нивната поддршка. Како што истакнаа овде не се работи за финансиите, туку за новите пензионери не ги трпат неправдите како тие до сега.
Инаку, пензионерите додатно истакнаа дека за нивната правда секогаш ќе се борат до крја. Во идно време ќе се борат за да имаат бенефити како во соседните држави. Да имаат пониски цени и да имаат пензионерски картички.
Иван Митев, М-Нет