
Со цел да се обезбеди целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта, „Проектот биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ отвара повик за доделување 150 стипендии за деца со попреченост. Овој проект се реализира преку Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“. Во текот на учебна 2020/21 година преку овој проект стипендии добија 322 деца со пореченост кои се запишаа и редовно посетуваа настава. Трендот продолжува па обезбедени се уште 150 стипендии за ваквите дечиња кои ќе се запишат на училиште во учебната 2021/22 година. Огласот за апицирање е отворен на интернет страницата на фондацијата „Чекор по чекор“ на македонски и албански јазик. Огласот е отворен до 30 септември 2021 г. и може да аплицираат сите родители/старатели на деца со попреченост запишани во I одделение во основните училишта.
Висината на месечната стипендија е 50 ЕУР во денарска противвредност и истата ќе се доделува за 10 месеци, од септември 2021 г. до јуни 2022 г. Задржувањето на стипендијата во следната учебна година зависи од редовноста на ученикот во училиште и успешниот премин во следното одделение. Важно да се напомене е дека семејствата на кандидатите кои ќе добијат стипендија не го губат правото на гарантирана минимална помош согласно член 4 од „Правилникот за начинот на остварување на правото на гарантирана минимална помош…” При остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош, стипендијата не се смета како приход.
Лаура Стојанова М-Нет