Околу 50% од граѓаните во вакциналниот пунк во Штип се појавуваат на закажаниот термин за вакцина

Во текот на вчерашниот ден  масовната имунизација на населението во салата „Јордан Мијалков“ во Штип со тренд на зголемување на лицата кои се пријавиле, а истовремено и се појавиле во вакциналните пунктови. Над 50% од пријавените примале вакцина, вчера пријавени биле 1200 граѓани.

„Вчершниот ден помина подобро од првиот ден, имаме одзив над 50%, во бројка е околу 560 граѓани кои се јавија на вакцинација“ – истакна др. Дијана Миланова Коцева.

За денеска пријавени беа околу 1100 граѓани, а намалена е и старосна граница па се вакцинираа граѓаните над 69 години.

Денеска во салата „Јордан Мијалков“ во Штип на столче за вакцинација седнаа повеќе грашани од Штип, Злетово, Радовиш, Струмица и регионот. Засега вакцинираните граѓани задоволни.

Во текот на наредната седмица се очекува старосната граница да продолжи да се намалува, а бројот на лица кои сакаат да се вакцинираат да се зголемува. Воедно оставки во салата „Јордан Мијалков“ се прават согласно Министерсвото за здравство, со што се вакцинираат и лицата  кои дошле без закажан термин а не се од Штип. Исто така, медицинска екипа оди по домовите на стари и знемоштени лица во Штип, кои не можат да дојдат до вакциналниот пунк, а сакаат и имаат закажан термин за вакцинација. Имунизацјата на населението во Штип започна во вторникот со кинеските вакцини „синофарм“.

Лаура Стојанова М-Нет