
Во сабота со натпреварите од 16. коло започнува пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига. Стартот од вториот дел на сезоната веднаш ни носи дерби од долниот дел на табелата дерби за опстанок меѓу Вардар Неготино и Осогово кое ќе се одигра на „Цвај арената“.
Двете екипи се без право на грешка бидејќи се на тенок мраз кога е во прашање опстанокот. Вардар Неготино ќе сака да го искористи домашниот терен и домашната публика за да дојде до важна победа против Осогово, кој пак во Неготино гледа шанса за триумф со тоа да остане во чекор за директен опстанок, во секој друг случај „жетварите“ ќе бидар два чекори назад.
Беласица на домашен терен ќе стартува против засилениот Арсими, кој ќе атакува на местата за Прва лига. Струмичани имаат одредени промени во тимот во однос на првиот дел од сезоната, воглавно млада екипа која одново ќе се бори за што повисок пласман на табелата.
Арсими е значително засилен донесе неколку квалитетни засилувања и ќе ги напаѓа местата за историски пласман во Првата лига.
Каменица Саса како домаќин ќе мора да игра на неутрален терен односно на стадионот „Кукуш“ во Турново, откако стадионот во Македонска Каменица беше суспендиран за два натпревари, па така „рударите“ во Турново ќе го пречека тимот на Кожуф, кој е во доста променет лик.
Детонит Плачковица значително засилен ќе гостува кај екипата на Новаци, но со доза на внимателно со оглед на тоа што Новаци во Радовиш го совлада Детонит Плачковица со 2:4 и тоа беше големо изненадување. Двете екипи имаат нови играчи, а радовишани одново се во ситуација да напаѓаат за трето место и бараж.
Охрид се одлучни вториот дел од сезоната да го игра со млади и локални фудбалери, а полусезона ја отвара против лидерот Македонија ЃП, кој ќе биде голем фаворит за триумф.
Победа одново ќе има сезона каде ќе се бори за опстанок, вториот дел го отвара против Брегалница на домашен терен, каде прилепчани ќе ги предизвикуваат штипјани за триумф кој им е повеќе од важен за опстанок. Брегалница нема право на грешка во Прилеп, зошто може да се спушти едно место на табелата.
Вардарски е во изменет лик во однос на есенскиот дел, со речиси комплетно нов лик каде ќе се обиде да ја надокнади големата бодовна разлика во однос на останатите конкуренти за опстанок. Тимот од Богданци пролетниот дел го отвара против Скопје на домашен терен.
Башкими како фаворит на домашен терен ќе го пречека тимот на Борец од Велес, трите бодови се цел и за едни и за другите. За Башкими кој цели кон Прва лига, а пак за Борец кој цели кон опстанок во Втора лига.
Натпреварите започнуваат во 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет