
Ќе има ли конечно добри денови во прилепската фудбалска гордост Победа, откако клубот по испаѓањето од Првата лига мака мачи со опстанок во Втората лига?
Минатата сезона Победа беше на праг пред испаѓање во Трета лига – Југ, откако играше бараж за опстанок совладувајќи го шампионот на Трета лига – Север, Куманово со 2:1 на стадионот во Ѓорче, во меч кој можевте да го следите на М Нет телевизија.
Во фудбалките кругови веќе кружат информации за конечно подобрување на ситуацијата во клубот, подобрување на финансиската состојба, а се со цел клубот конечно да застана на стабилни нозе и во тековната сезона најпрво да го избори опстанокот во Втората лига, а во следната сезона да има и повисоки цели.
Клубот остана без неколку играчи кои си заминаа како голманот Антонио Столевски, Давид Јошески, Давид Дебрешлиоски, Никола Талески, Беким Алимоски, Матеј Ѓурчиновски се дел од играчите кои повеќе не се во Победа, додека пак клубот се засили со неколку играчи како Младен Љумовиќ, Метин Ќерими, Петар Петровски, Каба Јусуф, голманот Иван Николоски, Исмаил Бектеш.
Во самиот финиш од преодниот рок Победа договори уште неколку играчи кои треба да бидат официјализирани и промовирани, а целта на прилепчани е да состават тим со кој би имале сигурен опстанок во Втората лига.
Победа е на 12-тото место на табелата со 14 бодови, а пролетниот дел го отвара на домашен терен против Брегалница. Првата цел ќе биде да се избори опстанокот, а потоа да се гради тим со кој прилепчани ќе се борат во горниот дел од табелата, а не да бидат како во претходните сезони.
Победа од Првата лига испадна во сезона 2022/2023 со многу лоша серија на резултати, а веќе во следната сезона или ланската 2023/2024 Победа преку бараж остана во Втората лига, а ова сезона одново Победа ќе се бори за спас и опстанок во Втората лига.
Александар Ванев, М-Нет