Од први до седми август се одбележувa „Светската недела на доењето“ , активно се вклучени и штипската клиничка болница

По повод одбележувањето “Светската недела на доењето” во временскиот период од први до седми август секоја година активно е вклучена и Штипската клиничка болница. Целта е да се даде сеопфатна поддршка за доењето и лактацијата за сите семејства кои се среќаваат со овој чин. Програмата е започната со споделување на едукативен материјал со кој што на едноставен начин се прикажува предностите на доењето и мајчиното млеко како идеална храна. Во рамките на кампањата главно се дава приоритет на проблематикитие поврзани со доењето, а врз основа на истото сестрите имат за цел за помагање при доењето. Мотото на оваа кампања е да се подигне свеста и потикнување на акции за промоција и поддршка на доењето под насловот „Премостување разлики“ и „Поддршка за доење за сите“. Фокусот од самата кампања е насочен на здравјето и благосостојбата на сите се со цел да се редуцираат нееднаквостите во општеството и истите да се премостат. Главен факт на организација е мајчиното млеко како идеална и безбедна храна за бебето, без оптоварување на домашниот буџет и со истото се влијае на подобрување на преживување на самото бебе, додека доењето влијае на подобрувањето на здравјето на мајките како и нивната благосостојба. Покрај целата едукација, оваа организација дава препораки и совети за заштитата на родителството при извршување на работни активности, се со цел да им се овозможи на мајките да го комбинираат доењето со нивните работни обврски, но покрај тоа и да се даде поддршка на истите за доењето уште во првата недела. Со оваа едукативна организација се дава до знаење дека со доењето исто така се воспоставува длабока врска мајка-дете која се предлабочува во текот на периодот на доењето.

Лаура Стојанова, М-Нет