Нов тоалет од штипјанецот Александар и реновиран спрат од дијаспората од Ораовица доби малата Марија

Рушевини, една соба недоволна за нормален живот и желба за нормални услови за живеење беше сликата која го пречека хуманитарецот Александар Горгиевски, кога првпат го посети семејството на малата Марија од село Ораовица. Приоритет за реконструкција бил тоалетот кој бил во очајна состојба, вели Горгиевски, па токму затоа започнал со работа на терен. Нов комплетно уреден тоалет добија Марија и нејзината мајка, а со тоа заврши хуманитарната мисија на Горгиевски.

„Првично од моја страна и од страна на мојата хуманитарна организација беше ветено дека на тоа семејство ќе се гради нов тоалет внатре. Кога првпат ја посетив фамисилијата според мене прв приорите беше тоа што луѓето во 21 век немаа соодветни услови за живот немаа тоалет и решив да се вклучам и да и помогнам и мојата акција таму заврши“ – вели ГорГиевски.

По барање на иселениците од село Ораовица, Горгиевски се враќа назад во селото каде се работи на реконструкција на вториот спрат на куќата, како и дел од првиот спрат. Вели дека материјалот е обезбеден од нивна страна, а тој помога во координација на работата и за десетина дена се надева дека ќе заврши реконструкцијата, со што малата Марија и нејзината мајка ќе живеат во достоинствени услови во 21 век.

„Пред пет шест дена селото Ораовица кадешто го градев тоалетот кај малата Марија, дијаспората кои работат и живеат во Швајцарија од село Ораовица ме ангажираа и ме вратија во селото да се ангажирам за да се реновира целиот спрат. Сакам да кажам дека обезбедено е сѐ, мое е да ги координирам мајсторите, да се заврши работата како што треба и тоа што сме ветиле за десетина дена да го реализираме“ – додава Горгиевски.

Во хуманата акција за подобри услови за живот на семејстовото од село Ораовица освен Горгиевски и дијаспората се вклучија и останати хумани граѓани, кои на различен начин помагаат и придонесуваат за нормален живот на ова семејство.

Лаура Стојанова М-Нет