Новиот прволигаш Шкендија Арачиново ќе добие современ стадион

Шкендија Арачиново за првпат во клупската историја ќе се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига, а клубот веќе има поставено серизони цели кои започнува да ги реализира.

Новиот прволигаш преку објава на социјалните мрежи истакна дека ќе се гради нов современ стадион, првата фаза опфаќа изградба на тренинг-центар, а потоа ќе следува и процесот на изградба на главниот стадион на кој ќе се играат натпреварите.

Покрај засилувањата, Шкендија Арачиново најави европски стручен штаб, што само ги потврдува големите најави, планови и цели кои ги има дебитантот во фудбалската елита на Македонија.

Шкендија Арачиново минатата сезона го освои третото место во Втората лига и преку бараж совладувајќи го Пелистер обезбеди историско учество во Прва лига.

Новата сезона тимот од Арачиново ја отвара против Струга Трим Лум.

Александар Ванев, М-Нет