На 9. март ќе започне пролетниот дел во Трета лига – Југозапад, три екипи во тесна трка за баражот за Втора лига

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад ќе започне на 9. март, со натпреварите од 12. коло.

Во овој третолигашки регион три екипи ќе водат рамноправна борба за шампионската титула, а со тоа и обезбедување на баражот за можен влез во Втората македонска фудбалска лига.

Во Трета лига – Југозапад лидер е Преспа од Ресен со 28 бодови, на второто место е поранешниот второлигаш и шампион од минатата сезона кој не го помина баражот Кораб од Дебар со 27 бодови, додека пак на третото место е Сатеска од Волино со 26 бодови на своето конто.

Овие три екипи се израмнети во врвот од табелата, а тоа за пролетниот дел ветува неизвесна борба. Трите екипи имаат отворени амбиции, планови и цели кога е во прашање влезот во Втората лига.

Покрај обезбедување на шампионската титула во Трета лига, потребно е триумф и во баражот како последен филтер за влез можен влез во Втората лига. Како што е познато петте шампион во Трета лига – Југозапад, Запад, Север, Југ и Исток и екипата која ќе заврши на 14. место во Втората лига ги сочинуваат двојките за три бараж натпревари, а победниците од истите се нови членови на Втората лига.

Александар Ванев, М-Нет