
Синоќа општина Карбинци по третпат ја организираше манифестацијата за Избор на најдобри спортисти за 2024 година.
Признание им беа доделение на најдобрите спортисти, спортски работници и тренери за минатата година кои со своите успеси и постигнати резултати на домашен и меѓународен план ја промовираат општина Карбинци, а притоа се пример за успешност и посветеност кон успехот во спортот.
На присутните им се обрати првиот човек на општина Карбинци, Виктор Паунов, кој рече дека 2024 година на спортски план е еден од најуспешните за општина Карбинци.
Во општината функционираат четири клубови, фудбаскиот клуб Карбинци кој се натпреварува во Трета лига – Исток, два боречки клубови, тоа се Киро Ристов и Карбинци, како и карате клубот Син Сеј.
„На фудбалски план третолигашот Карбинци е еден од би рекол стабилните третолигаши на Истокот, тоа што може да го кажам во тој дел е дека имаме подмладена екипа, нови сили, нови надежи и овој дел од сезоната кој што ќе биде пролетен или втор дел од оваа сезона очекувам навистина да завршиме во горниот дел на табелата и тоа да биде да го гледаме како позитивна страна како фудбалски клуб. Малку се општините од типот на Карбинци кој што можат да задржат ваков спорт да финасираат и да остане во добра кондиција, па и кога ќе има добар резултат тоа е навистина важно. Да го споменам и фактот дека ФК Карбинци се натпреварува и во Купот на Македонија веќе трета година по ред и тоа се натпреварува успешно, можеби не на резултатски план, меѓутоа успешно во делот на организацијата со прволигаши овие три години и тоа се горди успеси за нас, но и индивидуални спорт и тек како може да очекуваме навистина добри резултати оваа 2025 година“, рече градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов.
Карбинци редовно учествува и во фудбалскиот Купот на Македонија
Признанија им беа доделени на тренерите Трајче Димков од БК Киро Ристов, на Давор Тасев од БК Карбинци, признание доби и Мирче Натков, тренер во ФК Карбинци, како и на Симона Петешева од карате клубот Син Сеј.
Награди им беа доделени на младите и успешни спортисти, како и на Викторија Спасовска која имаше големи резултати за 2024 година, како третото место на Балканското првенство до 20 години.
„Овие деца заслужуваат и многу повеќе затоа што макотрпно работеа цела година и се вложуваа во себе и така да можам да кажам дека ова година барем БК Киро Ристов можеби поголеми резултати, затоа што во сите возрасни категории имаме освоено медали од сите домашни натпреварувања. Така да, покрај тоа имаме и неколку резултати надвор од државата, во Косово каде Викторија Спасовска го освои првото место, а во Бугарија во Петрич на еден така меѓународен силен турнир Павел Митев го освои второто место. Меѓутоа, Викторија Спасовска ова година го постигна најдобриот резултат за БК Киро Ристов, а тоа е третото место на Балканското првенство до 20 години“, рече тренерот на БК Киро Ристов, Трајче Димков.
Признание за афирмација на спортот во општина Карбинци доби и М Нет телевизија, медиум кој е посветен на македонскиот спорт, преку спортиските прилози и преку спортскиот магазин Трибина.
Општина Карбинци останува посветена на поддршка на спортот, а за 2025 година клубовите продолжуваат посветени за нови и уште поголеми домашни и меѓународни успеси.
Александар Ванев, М-Нет