На граничен премин Делчево приведени двајца бугарски државјани, се сомничат дека претходно нападнале женско лице

На 01.05.2023 на Граничен премин Делчево, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Делчево ги привеле Г.С.Т.(63) и Н.К.(43), двајцата од Република Бугарија. Тие се сомничат дека претходно физички нападнале женско лице во прилепско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.