Кога СДС нема што да каже, ете ги, ќе најдат некој да излезе на прес-конференција за да заплашува народ и да шири апокалиптични сценарија. Уште од пред околу две години кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт зборуваа дека државата ќе банкротира, па после само уште не банкротирала, дека мигранти ќе доаѓале, дека цените на производите многу ќе поскапеле, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по прес-конференцијата на СДСМ на која беше посочено дека следува криза и уште поскапа храна по покачувањето на цените на горивата.
„Што ли уште што не измислија.
Наспроти сите нивни тврдења не само што државата не банкротира, туку по долг временски период имаме намалување на јавниот долг за 20 милиони и државниот за 40 милиони евра.
Додека цените на производите во континуитет се следат и се држат под контрола, така што сега инфлацијата се намалува за разлика од период на власт на СДС кога рушеше двоцифрени рекорди.
А, денес еве ги пак СДС кои сега ја пратија Јованка Тренческа да заплашува народот, да всади недоверба во граѓаните и пак да најавува дека цените ќе растеле.
Додека тие зборуваат дека цените ќе се зголемат, реалноста е сосема поинаква и тоа го потврдуваат сите надлежни институции и цените во маркетите“.
Податоците на ДЗС за јули месец, според владејачката партија потврдуваат дека инфлацијата на годишно ниво значително се намали и изнесува 2,3%.
„Во однос на цените на горивата, ги потсетуваме СДС дека тоа се берзански производи, но и покрај тоа, благодарение на мерките преземени од Владата, Македонија останува на најниски цени во регионот.
И, ако СДС и Тренческа имаат забелешки во однос на цените и откупот на пиперката им порачуваме да се обратат до кланот Заев, кои ја имаат најголемата фабрика за производство на ајвар.
Така да, наспроти најавите и црните сценарија на СДС како за банкрот на државата, така и за зголемувањето на цените, инфлацијата падна на 2,3%, јавниот и државниот долг се намалуваат, а цените на горивата се најниски во регионот“.
Текстот Наспроти најавите и црните сценарија на СДС, цените на горивата се најниски во регионот, инфлацијата падна на 2,3%, јавниот и државниот долг се намалуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.