Намален бројот на лица кои имаат потреба од кислород во ковид болниците во Истокот

Ситуацијата со ковид 19 во кочанската Општа болница речиси идентичен како и вчера, дополнително е намален само бројот на пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка. Во модуларната ковид болница во Кочани хоспитализирани се 22 пациенти, слободни се 8 кревети, а само 5 лица имаат потреба од кислородна поддршка. Нема регистрирано ниту еден починат пациент, истакна директорот на кочанската болница Александар Серафимов. Статична е ситуацијата и во штипската Клиничка болница. Хоспитализирани се вкупно 54 ковид пациенти од кои 29 во модуларната болница и 25 на Инфективното одделение. Во последните 24 часа примени се 6 нови пациенти, а како оздравени се регистрирани 10. 35 пациенти имаат потреба од кислордна поддршка, истакна потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Моментално слободни се 42 кревети од кои 14 во модуларната болница и 28 на Инфективното одделение без можност за кислородна поддршка. Едно лице од Делчево на 57 годишна возраст починало во штипската болница како резултат од корона вирусот.

Според информации од Министерството за здравство досега во земјата се направени вкупно 729.337 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.137, бројката на оздравени пациенти е 135.367, на починати е 5.016, а бројот на активни случаи изнесува 12.754.

Лаура Стојанова М-Нет