
Над 500 евра минимална плата или бегство во туѓина. Граѓаните во Штип со реакции, или достоинствена минимална плата, или празни улици и полни аеродроми. Велат неможе центите во маркетите да бидат европски, а платите да останат балкански. Додаваат дека и тие неможат да ги гледат празни собите на своите деца.
Доколку платите пораснат, граѓаните се децидни дека во Македонија животот ќе биде одличен. Велат во Македонија ќе се вратат сите од туѓина.
Во согласност со стиауцијата, според владата платите во јавниот сектор растат, а во приватниот треба да се зголеми продуктивноста на работниците за да се стаса до поголема сума.
Иван Митев, М-Нет