Првиот летен дожд остави ,,туширани“ минувачи во Штип, револтирани од брзите возачи


Првиот дожд на крајот од јули остави испрскани пешаци на улица во Штип. Возачи минуваат бргу, а минувачите добиваат туш среде улица. Револтирани се обратија до нашата телевизија, барајќи совест кај возачите. Велат дека се вознемирени, бидејќи облеката е уништена, а нервите затегнати.



Инаку , според ЧЛЕН 124 Закон за безбеност на сообраќајот на патиштата, се наведува дека возач кој се движи со возило по коловоз на која има вода, е должен да го
приспособи возењето така да не ги прска пешаците, возачите на велосипеди,
велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли, лесни четирицикли
и четирицикли. Мандатен платен налог со глоба во износ од 35 евра во денарска
противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, согласно со одредбите на овој закон, на возачот, кој постапува спротивно на одредбите од ставовите.

Иван Митев, М-Нет